Во летниот период Папата останува во Ватикан

Ватикан, 7.6.2013 /к.мк/ – Префектурата на Папската куќа во соопштение од 6 јуни наведува дека во текот на летниот период нема да се одржуваат приватни и посебни аудиенции. Во месец јули Генерални аудиенции нема да има на 3, 10, 17, 31 јули, а ќе продолжат од 7 август во Ватикан. Од понеделник 22 до понедлник 29 јули Светиот Отец ќе престојува во Бразил по повод Светскиот ден на млади. Во недела 14 јули молитвата Ангел Господов Светиот Отец ќе ја предводи од Апостолската палата во Кастел Гандолфо, пренесува канцеларијата за печат при светата Столица.

Директорот на канацеларијата за печат при Светата Столица изјави дека папата Фрањо во текот на летото ќе престојува во домот Света Марта. Се предвидува од 8 јули на свети Литургии наутро во капелата на домот Света Марта да не присуствуваат групи. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<