Во исповедта да не се камуфлираат гревовите

Пред исповедникот треба да се биде храбар и гревовите да се именуваат со вистинското име, а не да се „камуфлираат“ – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 25 октомври во капелата на домот Света Марта, говорејќи за светата Тајна Исповед. Искрената исповед е средба со љубовта Исусова, прифаќање на „милоста на срамот“ по кој го чувствуваме Божјото простување.

Исповедта за многу возрасни христијани е голем напор, што често доведува до отфрлање на светата тајна, или е таква мака што моментот на вистина се претвара во вежба за досетливост, а свети Павле во Посланието до Римјаните, го прави токму спротивното: пред заедницата јавно признава дека во „неговото тело не пребива доброто“. Тврди дека е роб и не го прави доброто, кое го сака, туку злото кое не го сака. Тоа се случува во животот со вера поради што „кога сакам да правам добро, злото ми се спротиставува“ – кажа папата Фрањо.

Во тоа се состои христијанската борба, нашата секојдневна борба, а ние не сме секогаш како свети Павле, способни да говориме за таа борба. Секогаш настојуваме да се оправдаме: сите сме грешници, нели? Павле јасно вели: ова е нашата борба. А ако ние не го признаеме тоа, тогаш не можеме да го добиеме Божјото простување. Бидејќи ако „да се биде грешник сум“ е само збор, начин на зборување, тогаш не ни е потребно Божјо простување. Но ако е реалност, на кое сме робови, тогаш ни е потребно ослободување од Господ, неговата милост. Но овде е важно тоа што Павле пред заедницата го исповеда својот грев, својата наклонетост кон гревот, не ја сокрива – рече Светиот Отец.

Понизно исповедување на гревовите, е тоа што Црквата го бара од нас – рече Папата потсетувајќи на зборовите на свети Јаков: „Меѓусебно исповедувајте си ги гревовите“. Но, не – објасни папата – поради пропаганда туку поради слава Божја и да се признае дека Тој спасува. Ете поради тоа се оди кај братот на исповед, кај братот свештеник; да се однесуваме како Павле, да бидеме јасни како и тој.

Некои пак велат: Се исповедувам на Бог. Лесно е така, тоа е како да се исповеда по електронска пошта. Бог е некаде далеку, јас ги изговарам работите и нема директна средба, нема исповед во четири очи, а Павле своите слабости ги исповеда на браќата. Други пак велат, одам на исповед, но исповедам нешто неодредено, што виси во воздух, што нема врска со реалноста. А тоа е исто како и да не се исповедаш. Исповедувањето на гревовите не е разговор со психијатар, ниту е одење во сала за мачење. Исповедувањето на гревовите значи да признаеш: „Господи грешник сум“, и тоа со посредство на братот за да биде реалност. Грешник сум бидејќи го направив тоа и тоа и тоа – објасни Папата.

Јасност, чесност и искрена способност за да се срамиме поради своите гревови, односно искрено каење, нема алтернативни патишта за отворен пат до Божјото опрост, за да се почувствува во длабочината на срцето неговото простување и љубов – рече папата поттикнувајќи возрасните да земат пример од децата.

Децата имат вродена мудрост: кога некое дете ќе дојде на исповед; никогаш не зборува нешто општо. Оче, го направив тоа на мојата стрина, на дугиот пак му го направив тоа; децата ги користат вистинските зборови. Тие се јасни, ја поседуваат едноставна вистината. А ние секогаш настојуваме да ја прикриеме реалноста на своите слабости. Но има една многу прекрасна работа: кога во присутноста Божја ги исповедуваме гревовите какви што се, секогаш ја чувствуваме милоста на срамот. Да се срамиш пред Бог е вистинска милост. Да се сетиме на свети Петар кога после Исусовото чудо на езерото, вели: Господи, беагј од мене јас сум грешен човек. Пред светоста на Исус Христос тој се срамел од своите гревови – заврши папата Фрањо.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот