Во Гевгелија прославен празникот „Пресвето Тело и Крв Христови“

Во Гевгелија прославен празникот „Пресвето Тело и Крв Христови“

Во недела 7 јули 2024 година во парохијата Свети Петар и Павлe во Гевгелија свечено е прославен празникот на Евхаристијата – Пресвето Тело и Крв Христови, претпладне со света неделна Литургија, предводена од отец Трајче Ташев и во попландевните часови традиционално со Обожавање на Светат Евхаристија, процесија и благослов, кое го предводеше протојереј ставрофор Тома Ангелов.

На процесијата со Светата Причест присуствуваа верници од парохијата, а децата својата љубов кон Исус, присутен во Евхаристаијта ја искажаа со посипување цвеќиња, правејќи патека од цвеќиња, каде што минува процесијата со Светата Причест.

Празникот „Пресвето Тело и Крв Христови“ е патронен празник на Сестрите Евхаристинки, чија што харизма е обожавање и служење на Светата Евхаристија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот