Во неделата 7 јуни утрото во Ватикан по проверката и последната заболена личност беше негативна на Ковид-19.
До денес во последните неколку седмици во Ватикан меѓу вработените во Светиот Престол не е забележан ниту еден нов позитивен случај на Ковид-19 – изјави во неделата на 7 јуни директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни и истакна: Утрото по проверката и последната заболена личност беше негативна на Ковид-19.
Светиот Престол во последните месеци внимателно и претпазливо ги следи сите вработени кои се заразија од коронавирусот. Последниот, дванаесети случај е забележен во Ватикан на 6 мај. Во тој контекст и во согласност со одредбите од италијанската влада можевме повторно да ги отвориме базиликите кои целосно беа дезинфицирани започнувајќи од 18 мај од базиликата Свети Петар, а кои за јавноста се отворени од 1 јуни, како и Ватиканските музеи, Апостолската библиотека и архивите – рече Матео Бруни.
Ватикан њуз/к.мк