Восхитување за доаѓањето Христово
Во наговорот пред молитвата Ангел Господов папата Фрањо изрази надеж дека неодамнешните меѓународни договори ќе ја подобрат меѓународната ситуација.
Евангелието од оваа недела на Адвент нè упатува на ликот на Марија. Гледаме дека веднаш по зачнувањето на Синот Божји со вера презема долго патување од Назарет кон ридскиот крај во градот Јудин, за да ја посети Елисавета. Ангелот Гаврил и објавил дека нејзината роднина која е стара и немала потомство се наоѓа во шестиот месец од бременоста. Богородица која во себе носи уште повозвишено таинство брза да ја пронајде Елисавета и со неа останува три месеци. На средбата на двете жени една постара и другата млада, Марија поздравува прва: „па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета“ (Лк 1, 40). После поздравот Елисавета е многу воодушевена што одекнува во зборовите: „И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ?“
За соодветно да го прославиме празникот Божиќ повикани сме да запреме на „местата на восхитот.“ А кои се тие места? – Тие се т: првото место е другиот во кое го препознаваме братот. Затоа што од Исусовото раѓање секое човечко битие носи отпечаток и сличност на Синот Божји – посебно кога тоа е лицето на сиромавиот – затоа што Бог како сиромав влезе во овој свет и на сиромашните– пред сè – им дозволи да Му се приближат.
Второто место во кое ако гледаме со вера чувствуваме восхит е историјата. Многу пати веруваме дека ја гледаме на исправен начин, а всушност сме во опасност да ја гледаме спротивно. Ни изгледа дека ја одредуваат економијата и трговијата; дека е уредена со финансиите и работните интереси и подложена на моќниците. Спротивно од тоа Бог е Оној Кој ги „меша картите“: како што вели и Марија во своето „Величај“. Господ е Оној Кој „ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените; гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни;“ (Лк 1, 50 52-53) – потсети Светиот Отец.
Третото место на восхитот е Црквата. Да се гледа со восхитот на верата значи да не се ограничиш на тоа да ја гледаме само како верска институција – што таа исто така е – туку да ја чувствуваме како мајка која – макар со дамки и брчки – дозволува да се наѕираат солзите на Свршеницата, која ја љуби и прочистува Господ Исус Христос. За Црквата Господ Исус никогаш нема да биде „имот кој се поседува и љубоморно брани“ туку секогаш Оној Кој и доаѓа во пресрет и Кој Таа знае да Го исчекува со доверба и радост подигнувајќи го во светот гласот на надежта: „Дојди Господи Исусе!“ – рече Папата додавајќи: Мајката Црква има постојано ширум отворена врата и раширени раце за да ги прегрне сите. Мајката Црква исто така е таа која го остава својот праг за да ги побара со насмевка сите оддалечени и да ги доведе до Божјото милосрдие. Тоа е место на Божиќното восхитување – рече Папата.
Бог преку празникот Божиќ – ни го дарува својот Син Единец, чија потполна негова радост е – да се дарува целосно Себе.
„Единствено со Марииното Срце понизна и сиромашна „ќерка сионска“ станува Мајка на Синот на Севишниот и можно е да се скока и радува заради големиот дар од Бог непревидлив во своите изненадувања. Нека Таа ни помогне да го сфатиме чудото на Исусовото раѓање – роса на Дарот над даровите и Подарок незаслужен кој нè води до спасение. Средбата со Исус и нам ќе ни овозможи да се восхитуваме, но тоа не можеме – како што сите не можеме да се сретнеме со Исус – ако не го сретнеме во другите, во историјата и во Црквата.
Светиот Отец потоа се сети на саканата Сирија и сите ги поттикна да продолжат со великодушните настојувања околу смирувањето на насилството за да дојде до конечниот мир преку преговори. Исто така Светиот Отец се сети и на Либија каде што договорот околу единствената национална влада повикува на надеж во иднината. Својата морална поддршка Папата ја даде на настојувањата на Костарика и Никарагва: „Сакам со обновен дух на братството уште повеќе да го зацврстат дијалогот и меѓусебната соработка, а така и меѓу другите земји во регионот.“
* * *
По пладневната молитва Папата се сети и на народот во Индија кои неодамна се погодени од големи поплави и повика на молитва за „овие наши браќа и сестри“ на кои им се случи ова несреќа и сите ги повика душите на загинатите да ги доверат на Божјото милосрдие измолувајќи потоа една Радувај се Маријо.
Папата на крајот својот поздрав го упати на римските деца кои дојдоа на традиционалниот благослов на Децата: „Драги деца: кога ќе молите пред вашите јасли сетете се исто така и на мене како што и јас ќе се сетам на вас. Ви благодарам и среќен Божиќ! Потоа поттикнувајќи ги родителите да продолжат да одат по патот на верата и братството на собраните верници и ходочасници – препорачувајќи се во молитвите – ги отпушти со желбата сите да имаат Среќен Божиќ исполнет со восхит кој во нас го разбудува Исус полн со љубов и мир.
РВ/к.мк/Д.И.