Најубавото Христово Воскресение кое можеме да го искусиме е да го видиме нашиот живот како се преобразува во Христовата љубов, која ги просветлува нашите тажни срца и ги оттргнува погребните камења кои ги носиме внатре во нас.
Претходниве денови се подготвувавме за овој настан, живеејќи ја неговата страст и неговата срамна смрт, но денес го славиме токму чудотворниот настан на неговото воскресение.
Никој не бил сведок на самиот настан, како тоа Исус го раскинал синџирот на смртта. Некои елементи ни укажуваат дека би требало да се случи нешто натприродно, на пример празниот гроб: Марија Магдалена тврди дека Исусовото тело не се наоѓа повеќе во гробот и верува, како што прават сите, дека било украдено.
Но празниот гроб, сам од себе, сѐ уште не ни укажува дека Исус е воскреснат ниту ни укажуваат ленените платна кои биле употребени за да го покријат Исусовото тело.
Постојат два одлучувачки елементи кои ќе ни укажат дека Исус е воскреснат, еден надворешен и друг внатрешен: надворешниот елемент е самиот Исус кој, воскреснат, ќе им се појави на учениците и тоа ќе го направи многу пати. Надворешниот елемент е всушност љубовта, способноста да се види повеќе отколку што укажуваат знаците.
Да се потсетиме на епизодата во врска со апостолот Петар кога, враќајќи се од риболов, го наоѓаат Исус воскреснатиот на брегот како подготвува појадок. И Исус започнува еден вид на дијалог со Петар: „Ме љубиш ли Петар? Секако дека Те љубам, Ти тоа го знаеш.“ И така три пати.
Тоа е одлучувачкиот елемент за да се препознае воскреснатиот Исус, присутен исто така и денес во нашиот живот и неговото воскресение ни отвори нов свет, ни ја отвори иднината, животот вечен, ни укажа дека нашиот живот не завршува овде на земјата и дека смртта го нема последниот збор: Прекрасно!
Но потребно е овој настан на воскресението веќе да нé допрел до сега, да достигнал во нашиот живот до сега. Како? Преку љубовта. Исус во ова Велигденско утро ги привлекуваше сите кон Себе. Постоеше едно постојано трчање: Марија Магдалена, откако го забележала празниот гроб, потрчала да ги извести учениците, Петар и Иван кои исто така трчале по истиот пат по кој трчала Марија Магдалена, но во спротивен правец, за да видаат со сопствените очи.
Но, додека Иван видел и поверувал, Петар само видел. Значи станува збор за едно гледање, забележување и едно гледање кое го надминува самото забележување, а тоа се случило кај Иван.
Да не заборавиме, Иван беше љубениот ученик на Исус, оној кој ја имаше возвишената привилегија да ја приклони својата глава на градите Господови за време на Последната вечера, да го слушне чукањето на она срце кое чукаше еднозвучно со срцето на Бога, неговиот Отец, она срце кое ја отчукуваше истата Љубов Божја. И Иван влегол во склад со ова отчукување на љубовта: неговото трчање кон гробот беше веќе едно трчање полно со сигурност, а и фактот што трча побрзо од Петар и пристигнал пред него било заради тоа што бил помлад од него, но пред сé значи дека љубовта и дава крилја на нозете, те тера да трчаш, го тераше да лета токму затоа што сакаше да утврди со своите очи тоа што срцето, исполнето со Исусовата Љубов, веќе му велеше: дека Исус беше воскреснал како што беше рекол.
Виде и поверува: јасновидението на љубовта која знае да го види она што телесните очи не можт да го видат. Како што било која мајка и татко можат да препознаат во нивните деца кога има нешто што не е во ред без да има потреба уста да отворат, бидејќи срцето гледа повеќе отколку што се гледа и тоа е кое Господ го бара исто така од нас: да влеземе во личен однос со Него, и не само тоа, туку пред сé, да влеземе во овој жив однос со воскреснатиот Господ, значи да дозволиме да бидеме водени од љубовта за него, бидејќи не би било можно од наша страна да биде љубен, ниту пак да дозволиме да бидеме љубени од Него.
Најубавото Христово воскресение кое уште сега може да го искусиме секој ден во нашиот живот, е да го видиме нашето срце и нашиот живот како се менуваат затоа што се допрени од Господовата љубов која не преобразува; да видиме како нашата мала љубов е доволна да ја привлече изобилната Исусова љубов и да ги видиме прекрасните дела кои Тој може да ги направи за нас, колку бариери може да уништи, колку гробни камења може да оттргне од нашата внатрешност, колку светлина може да донесе во срцето честопати помрачено од тагата, од незадоволството, од неспособноста за дарување на самите себе за другите: Љубовта Господова е способна да нѐ достигне и да нѐ преобрази Во негова прилика. Тоа е чудото кое тој сака да го извршува секој ден во нашиот живот.
Да го прифатиме повикот на свети Павле кој ни го упатува во своето Послание: гледајте во небесното, бидејќи вашиот живот, нашиот христијански живот е скриен со Христос во Бога; не е само оној што го гледаме, кој го живееме секој ден, и во кој многу често се сопнувме верувајќи или лажејќи се дека може да успееме сами, дека немаме потреба од Бога: нашиот живот, од моментот во кој сме крстени во смртта и воскресението Исусови, е сокриен со Него во Бога, т.е. стана едно исто со Неговиот.
Затоа најубавиот Велигден денес, утре и секогаш ќе биде токму оној да ни се отвори нашето срце, Неговата светлина да изобилува во нас и да не преобрази во Неговата прилика, сведоци за воскреснатиот живот на Исус и на нашите браќа и сестри.
манастир Монтекасино/З.А.