Воведение на Пресвета Богородица во храмот

Овој опразник се слави во спомен на Пресвета Богородица, кога нејзините родители, светите Јоаким и Ана ја довеле Пресвета Дева Марија во ерусалимскиот храм за да ја предадат,

според своето ветување, на служба на Бога. Патот од Назарет до Ерусалим бил макотрпен и траел околи три дена, но нивниот напор им бил богоугоден и затоа воопшто не им бил тежок.

По тој повод се собрале и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да учествуваат на тој настан, на кој истовремено учествувале и ангелите Божји. Напред од процесијата оделе девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Таа била облечена со прекрасна царска облека, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја.

Пред храмот имало петнаесет скалила. Родителите ја кренаа Дева на првото скалило, а потоа таа сама брзо се искачила на врвот, кај што ја пречекал првосвештеникот Захарија, таткото на свети Иван Крстител. Кога првосвештеникот ја зел за рака, ја вовел не само во храмот, туку и во Светињата на светињите, каде што никој никогаш не влегувал, освен архиерејот. За свети Захариј се вели дека бил „надвор од себеси и обземен од Бога“ кога ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, на друг начин не можело да се објасни оваа негова постапка. Откако свети родителите на Дева Марија принеселе жртва на Бога и добиле благослов од свештеникот се вратиле дома, оставајќи ја Пресветата Богородица во храмот.

Таа престојувала во храмот девет години. Пресвета Дева Марија не сакала да се оддалечува од храмот, ниту да стапи во брак. Сепак тоа беше спротивно на Законот и на обичите во Израилот, така што кога наврши дванаесет години му ја предадоа на свети Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за под вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го исполни Законот.

Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Богородица беше прва таква доживотно заветувана девојка, а потоа неа ќе ја следат многу девственици и девици.

к.мк

Категорија: духовнитекстови

За авторот