Велигден во Нова Маала и Чанаклија

Радосната вест за Христовото Воскресение се прослави со света Литургија во парохијата Успение на Пресвета Богородица, Нова Маала и во филијалата Свети Великомаченик Георги во Чанаклија.

На Воскресната литугија присуствуваа мноштво на верници предводени од парохот о. Спасо Ристов и капеланот о. Ванчо Назов, а на литургијата во Нова Маала сослужува и о. Тони Ангелов, парох во Штип.

За време на проповедта парохот о. Спасо Ристов посебен акцент стави на борбата што секој христијанин ја има со горделивоста и љубомората за тоа што и нашиот ближен, кој и да е, каков и да е, денес е спасен благодарение на Воскресението на нашиот Господ Исус Христос. Таа борба со љубомората благодарение на љубовта која ни ја покажа Исус можеме да ја победиме и да се радуваме во вечноста, почнувајќи од денес.

На крајот на светите литургии во Нова Маала и Чанаклија беше благословена храната и велигденските јајца кои верниците ги беа принесле за благослов, а потоа слуваше и и честитање меѓу верниците.

к.мк/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот