Браво за „Тома Радово“

На Новогодишно божиќниот турнир во мал фудбал кој се одржа од 18 декември 2013 до 12 јануари 2014 годиина во спортската сала во Василево учество зеде и екипата на „Тома Радово“ од Радово. Играчите на оваа екипа станаа препознатливи на турнирот по своите карактеристични дресови, на кои го носеа ликот на блажена Мајка Тереза.

Интернет страната Католици.мк им упатува честитки на играчите на „Тома Радово“ како и на спонзорот Киро Г. Стојанов, стопанственик од Радово за храброста што јавно го промовираат христијанството, како и христијанските вредности, а во овој случај преку ликот на Мајка Тереза која нѐ потсетува какви дела треба да прави еден христијанин. Браво за „Тома Радово“!

го*ко/Д.И.

фото: Струмицанет

Категорија: Македонија

За авторот