Божјиот глас се слуша во тишина

Добро ќе ни дојде, подготвувајќи се за Божиќ, малку да замолчиме за да можеме да го слушаме Бог, кој ни говори нежно како еден татко и мајка – тоа е главната  мисла во проповед на папата Фрањо на 13 декември во капелата на домот Света Марта.

Земајќи ја како појдовна точка делот од книгата на пророк Исаија, Папата нагласи не толку „она што Господ говори“ туку на „кој начин тоа го искажува.“ Бог ни говори како што таткото и мајката говорат на своето дете:

„Кога детето сонува лошо, се буди и плаче… таткото му приоѓа и вели: „не плаши се, не плаши се – јас сум овде.“ Така Господ ни говори. „Не плаши се Јакове, црвче; Израеле, ларвиче. Господ го употребува овој начин за да ни говори: да ни пријде…

Кога гледаме некој татко или мајка како зборува со своето дете, гледаме дека станува мал и зборува со детски глас, гестикулирајќи како децата. Некој гледајќи ја таа страна би можел да каже: „Па овие се смешни!“ затоа што на лице место станува дете, зар не? рече Папата со прашален тон како да бара потврда од присутните.

Татковата и мајчинската љубов, чувствува потреба да се приближи – така да кажеме – да се спушти на ниво на детето и на неговиот свет… Да, ако таткото или мајката се обратат на детето на вообичаениот начин (како со возрасен човек), детето сепак ќе разбере, но тие сакат да му говорат на детски начин. Се приближуваат и стануваат како дете. Така е и Господ.“ – кажа Светиот Отец.

Грчките теолози – потсети Папата –таквото Божјо однесување го опишале со еден прилично тежок израз – синкатабаси односно „Божја прилагодливост“ или спуштање на нашето човечко ниво, станувајќи како нас – и како еден од нас.“

Затоа таткото и мајката на детето кажуваат помалку и смешни работи: „О дете мое; ‘мое глувче’ и такви работи… И Бог слично проговара: „Јакове црвче – ти си за мене како мало црвче, една трошка, но многу ја љубам!“ – кажа Светиот Отец. Тоа е јазикот со кој се служи Господ; јазикот на љубовта на татко и мајка… Да слушнеме што ни кажува Словото Господово, но да погледнеме на кој начин тоа го кажува. Ние треба да го правиме она што гледаме дека Господ го прави; да го вршиме тоа што ќе ни го каже и онака како што ќе ни каже: со љубов, нежно, со она прилагодување кон браќата“ – поттикна Папата.

Бог е како „лесен ветар’ – објасни папата Фрањо, алудирајќи на средбата на пророк Илија и Господ или – како што кажува самиот текст – тивок шепот и благ ветер’. Господ така се приближува, во тишина и без спектакуларност… Се прави мал, за мене да ме направи моќен; оди во смрт за да можам јас да живеат – објасни Папата.

Тоа е мелодијата на Господовиот јазик и во нашата подготовка за Божиќ; треба да ја слушнеме. Добро ќе ни направи и ќе ни користи. Изгледа како Божиќ да е еден бучен празник: добро ќе биде малку да замолчиме за да ги слушнеме оние зборови на љубов; зборови на блискост и нежност… „Ти си едно црвче, кое многу го љубам!“ Поради тоа да се замолчи, но и поради тоа – како што вели предсловието – што бдееме во исчекување – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот