Божиќ во Нова Маала и Чанаклија

Божиќ во Нова Маала и Чанаклија

Со полноќните Свети Литургии во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала и филијалната црква „Св. Великомаченик Георги“ во Чанаклија предводени од парохот о. Спасо Ристов во сослужение на капеланот о. Ванчо Назов за верниците од овие населени места започна тродневното празнување на Христовото Раѓање – Божиќ.

На 7 јануари, првиот ден од Божиќ, по Светата Литургија, младите од парохијата со пригодна божиќна претстава го збогатија духовното чествување на Рождеството Христово истакнувајќи го значењето на самиот настан од Раѓањето на Богочовекот Исус.

Верниците за овој голем настан духовно се подготвија со света Исповед и со „Деветница за Рождеството Христово“.

к.мк/З.А.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот