Божиќен концерт во Ватикан

Божиќен концерт во Ватикан

Во салата Павле VI во тек се последните подготовки за 25. Божиќен концерт во Ватикан, која со поддршка и под покровителство на Конгрегцијата за католичко воспитание, ќе се одржи на 16 декември 2017 година.

Божиќ е празник кој го грее срцето и ја отстранува рамнодушноста

Организаторите и учесниците на концертот, папата Фрањо ги прими во аудиенција, и напрво им се заблагодари и им ја искажа својата почит. Пред присутните, кои ќе настапат пред публиката која ќе придонесе за собирање на средства за помош на децата и младите во Демократска Република Конго и во Аргентина, Папата ја истакна нивната чувствителност за потребите на најсиромашните кои бараат помош и солидарност.

Божиќ е како што знаеме, празник кој многу силно се доживува; способен е да ги згрее и најстудените срца, да ги отстрани пречките на рамнодушност кон другиот и да охрабри на отвореност кон другиот и на бесплатно дарување. Заради тоа и денес е потребно да се шири пораката на мирот и братството токму на Божиќ – истакна Папата.

Уметноста е средство со кое срцето и умот се отвораат за значењето на Божиќ

Потребно е да се „прикаже“ Божиќ со вистинските чувства кои го вдахнуваат – рече папата Фрањо и истакна: Уметноста е исклучително средство со кое се отвораат вратите на умот и на срцето за вистинското значање на Божиќ. Креативноста и надареноста на уметниците, со нивните дела и со музиката и пеењето, успеваат да дојдат до најдлабоките регистри на совеста – рече Папата.

На крајот Светиот Отец на присутните – кои беа околу 180 – им изрази добри желби за утрешниот концертот. Нека тој биде можност за да се посее нежноста – рече истакнувајќи колку тој збор денес е заборавен. Нека биде можност за сеење на нежноста, мирот и прифаќањето, кои извираат од витлеемската пештера – додаде на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот