Благословот на Папата е за лицето, а не за родовата теорија

Благословот на Папата беше наменет за лицето, а не за родовата теорија за која што црковната наука ниту најмалку не е променета – е објаснувањето од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, за писмото кое Државниот секретаријат го испрати на Франческа Парди.

Парди е авторка на книгите за деца за „различните видови семејства“ – хетеросексуални и хомосексуални.

Се работело за одговор на Државниот секретаријат на писмото кое Светиот Отец го испратил на Парди – објасни заменик директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, патер Чиро Бенедетин. Ватиканското писмо со „едноставен и пасторален стил“ требало да биде „приватен одговор и затоа е несоодветно за објавување (што за жал се случило)“. „На никој начин писмото на Државниот секретаријат не ги поддржува однесувањата и учењата кои не се усогласени со Евангелието“ – објаснува патер Бенедетини – уште повеќе, повикува на „секогаш покорисни активности во корист на младите генерации и ширење на вистинските човечки и христијански вредности.“

„Благословот на Папата на завршетокот на писмото е наменет за лицето, а не за евентуалното учење за родовата идеологија која не е во согласнос со науката на Црквата која ниту најмалку не е изменета, како што многу пати и неодамна истакна Светиот Отец“. Затоа „целосно е неисправно манипулирањето со содржината на писмото.“ – изјави патер Бенедетин

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот