Бискуп Стојанов во раните утрински часови ја предводеше светата Миса во Бискупската резиденција во Скопје на која присуствуваше господин Флоријан Шкунца, одговорен за членовите на Маријиното дело – фоколарини на овие наши простори, а придружуван од членовите на Маријиното дело во Скопје.
После светата Миса бискуп Стојанов се задржа во братски и пријателски разговор со членовите на Марииното дело и а во една пријатна атмосфера со господин Шкунца се присетија на годините од крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години од кога датира и нивното познанство.
Во текот на разговорот разменија мислење за состојбата на Марииното дело на овие простори како и за Црквата во Македонија и придонесот на Марииното дело од нивното доаѓање во Македонија. Доаѓањето на првото Семејство Мариино дело во Скопје, отворањето на Женскиот Фоколар, а воедно беа разменети и некои идеи за во иднина, препуштајќи ги на Божјата провидност и дејствувањето на Светиот Дух.
Ватикан њуз/к.мк