Бискупот Стојанов ќе служи света Литургија за починатите од пандемијата

Бискупот Стојанов ќе служи света Литургија за починатите од пандемијата

Согласно иницијативата на Европска Епископска Конференција денес, 26 март 2021 година, со почеток во 18.00 часот Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ќе служи света Литургија за починатите од КОВИД-19, за заразените, нивните семејства и медицинскиот персонал кој се грижи за нив.

Започнувајќи од Пепелница во Епископските конференции на европскиот континент според утврден редослед служат света Литургија за жртвите од пандемијата.

„Заедно ја препознавме можноста, уште повеќе потребата на светите Литургии на посебен начин во текот на овој Велики пост да се сетиме на жртвите, на големиот број жртви од пандемијата“, изјави претседателот на Советот на европските епископски конференции надбискупот на Џенова Анџело Бањаско во видео пораката на 16 февруари по повод започнувањето на иницијативата. „Сите Епископски конференции во Европа се вклучија во организацијата на барем една света Литургија: тоа ќе биде како создавање на молитвен синџир, евхаристиски синџир во кој ќе си спомнуваме и ќе се молиме за многу луѓе. Во таа молитва исто така сакаме да си спомнеме на семејствата кои се во тага и сите оние кои и во овој час се погодени од таа болест и се загрижени за својот живот.“

к.мк

Црквата во Европа моли за жртвите од пандемијата

Европските епископи повикаа на молитва

Категорија: Вести, Македонија

За авторот