Бискупот Стојанов учествуваше на панел расправа на 21. Европски молитвен појадок во Брисел
Во среда 5 декември 2018 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов учествуваше на 21. Европски молитвен појадок и панел расправа во Европскиот парламент во Брисел по покана на хрватската претставничка Маријана Петир, каде што учествуваа 400 политичари, дипломати, јавни личности од Европа и светот. Во таа пригода одржана е панел на тема „Да ја следиш милоста и вистината во јавната сфера – предизвици, поттикнувања и сведочења.”
Модератор беше германскиот претставник Арне Герицки, а учествуваа Ричел Верхел од Белгија која се обрати на рамнотежата помеѓу здравјето, животот и кариерата во контекст на следење на милоста и вистината, политичарот Герти Богдан од Албанија говореше за политичкото водство, Роберт Кларке директор на АДФ од Австрија за застапување за правда, додека евангелистот Рафел Анзенберг од Франција се обрати од потребата за барање на милост и вистина во нашето општество.
к.мк