Бискупот Стојанов упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница

Бискупот Стојанов упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница

Во честитката до Реис-ул-улема Шаќир ефенди Фетаху, епископот Стојанов упати желби за Божји благослов, мир и добро за сите верници

По повод празникот Рамазан Бајрам, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, во четврток 19 март 2026 година, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис-ул-улема Шаќир ефенди Фетаху.

Во честитката, епископот Стојанов, во име на духовенството и верниците на Католичката црква во Македонија, како и во свое лично име, го честита празникот Рамазан Бајрам на поглаварот на ИВЗ, на неговите соработници и на сите верници, со желба Семоќниот Господ Бог да ги обдари со своите неизмерни благодати.

Во својата порака, епископот Стојанов посебно ја истакнува вредноста на заложбите за доброто на секој човек, во семејството, заедницата и општеството, како и важноста на настојувањата за мир во земјата и во светот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот