По повод изборот на надбискупот Сплитско – макарски монс. Дражен Кутлеша за претседател на Хрватската бискупска конференција, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов во среда 19 октомври 2022 година упати честитка која ја пренeсуваме во целост.
Превозвишени Господине Надбискупе монс. д-р Кутлеш!
Црквата во Македонија со радост ја прими веста за вашиот избор за претседател на Хрватската бискупска конференција.
По тој повод во мое лично име и во име на свештениците од Македонија (Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија), момнашките заедниции и верниците ви го честитам изборот, кој е знак на укажаната доверба и ви посакувам изобилен Божји благослов во одговорната новодоверена служба.
Му благодарам на Бога за братската соработка со Вас, браќата бискупи од Хрватската бискупска конференција, за која искрено се надевам дека со мудроста на Светиот Дух ќе продолжи и понатаму да се развива за доброто на Црквата во Македонија и Хрватска.
Господ нека Ве придружува во Вашата новодоверена служба и нека ја благослови вашата пастирска грижа за Божјиот народ.
+Киро
Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх