Бискупот Стојанов се сретна со сестра Према

Бискупот Стојанов се сретна со сестра Према

На 16 јуни 2018 година бискуп Скопски и епарх Струмичко-скопски ја служеше светата Литургија во манастирот на сестрите Мисионерки на љубовта во Скопје, по повод доаѓањето на врховната поглаварка на Сестрите Мисонерки на Љубовта, с. Марија Према, која престојува во редовна канонска визитација на сестрите.

После литургиското славење бискупот Стојанов и сестра Према во пријатен разговор се присетија на прославата во септември 2016 година, која по тој повод се организираа и „Денови на света Мајка Тереза“, во Скопје, а кулминација беше евхаристиското славење на плоштадот. Сестра Према со бискупот Стојанов го сподели своето искуство поврзано со животот и мисијата на Сестрите Мисионерки на Љубовта и заблагодари на бискупот за пастирската љубов која ја дава на сестрите.

Бискупот Стојанов на сестра Према и ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза во Скопје“, истакнувајќи дека приустноста на света Мајка Тереза е видлива во Република Македонија на посебен начин преку застапништвото кај Бог како и преку присутноста на нејзините сестри, кои даваат големо сведоштва на вера и љубов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот