На 22 октомври 2021 година амбасадорот на Суверениот ред на Малта Н.Е. Франческо Саверио Џусти го посети Македонски Каритас, при што беше примен од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, претседател на Македонски Каритас и дон Паво Шекерија, директор на Македонски Каритас.
Во пријатен и срдечен разговор епископот Стојанов, како и директорот дон Паво се заблагодарија на амбасадорот Џусти за неговата посета на хуманитарната институција на Католичката црква во Македонија
Во текот на средбата амбасадорот Саверио Џусти од страна на координаторот, Спасе Спасов беше подетално запознат со актуелните проектни активности кои ги спроведува Македонски Каритас.
Беше искажана обострана подготвеност да се разгледаат можностите за некоја идна соработка помеѓу амбасадата на Суверениот ред на Малта и Македонски Каритас.
к.мк