Бискупот Стојанов присуствува на интрoнизацијата на надбискупот Вукшиќ

Бискупот Стојанов присуствува на интрoнизацијата на надбискупот Вукшиќ

Бискупот Стојанов и директорот на Комисијата за односи со верските заедници религизони групи во Македонија, м-р Даријан Сотировски присуствуваа на интрoнизацијата на монс. Вукшиќ во Сараево.

На 12 март 2022 година во катедралата Пресвето Срце Исусово во Сараево, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов присуствуваше на интрoнизацијата на Врхбосанкиот надбискуп и митрополит, монс. Тома Вукшиќ. На овој свечен момент учество зеде и директорот на Комисијата за односи со верските заедници религизони групи во Македонија, м-р Даријан Сотировски.

Во ова прилика бискупот Стојанов на надбискупот Вукшиќ му подари икона на светицата од Скопје, Света Мајка Тереза, додека м-р Даријан Сотировску му подари теракотна икона.

На интронизацијата на Врхбосанскиот надбискупот и митрополитот, монс. Тома Вукшиќ присуствува седум надбискупи и 18 бискупи, бројни свештеници, монаси, монахињи. Исто така присуствуваа добротвори и претставници на повеќе организации, великодостојници од другите верски заедници како и претставници на политичкиот, дипломатскиот и општествениот живот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот