Бискупот Стојанов присуствуваше на свечената академија по повод Денот на Куманово

Бискупот Стојанов присуствуваше на свечената академија по повод Денот на Куманово

Во среда 11 ноември 2026 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов присуствуваше на свечената академија по повод 11 Ноември, Денот на Куманово, со кој градот одбележа 507 години од своето постоење и 82 години од победата над фашизмот.

Свеченоста се одржа во Занаетчискиот дом, во присуство на претставници од државните и локалните институции, делегации од земјава и странство, претставници од збратимени градови, јавни установи, здруженија и други гости.

Во рамки на академијата беа доделени Ноемвриските награди и признанија, а програмата беше збогатена со пригодни културно-уметнички содржини.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот