Бискупот Стојанов присуствуваше на проекцијата на документарниот филм за браќата Кирил и Методиј
На 7 март 2016 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов во Кинотека на Македонија во Скопје присуствуваше на проекцијата на вториот дел од словачкиот документарен филм „Мисијата на браќата Константин и Методиј“.
Проекција на словачкиот документарен филм се одржа под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов по повод 22 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Словачка
к.мк/Е.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија