Бискупот Стојанов го прими ректорот на Папскиот Универзитет „Урбаниана“

На 19 мај во Бискупската резиденција  во Скопје, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов го прими ректорот на Папскиот Универзитет „Урбанијана“ во Рим монс. професор Алберт Тревисол.

Ректорот Тревисол во Скопје престојува по повод одбележувањето на 67 годишнината од основањето на Универзитетот „Свети Кирил  и Методиј“ како и одбележувањето на денот свети Кирил и Методиј – патронот на Универзитетот.

Во пријатниот и пријателски разговор бискупот Стојанов го запозна ректорот Тревисол со историјата на Црквата во Македонија, како и со нејзиниот актуелен живот и дејствување. Исто така, во знак на благодарност за пријателската посета Бискупот на ректорот Тревисол, му подари икона со ликот на Богородица.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот