На 29 март 2018 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д- р Киро Стојанов го прими о. Туралија и во таа прилика го запозна со историјата и животот на Црквата во Македонија, истакнувајќи ја скапоцената поврзаност со митрополитот за Скопската бискупија, врхбосанскиот кардинал Пуљиќ, како и останатите бискупи и свештеници во Босна и Херцеговина.
Отец Туралија, како раководител на канцеларијата за брак и семејство при Врхбосанската надбискупија го запозна бискупот Стојанов со активностите на таа канцеларија, како и за магистерските судии со меѓурелигиска програма во која се вклучени Католичкиот богословски факултет, Православниот теолошки факултет и Исламската теологија, што е единствен случај во светот и засега само во Сараево.
Бискупот Стојанов му се заблагодари за срдечната средба како и за неговата пасторална помош во скопската парохија за време на Пасхалното тродневие и Воскресните празници.
На 30 април 2018 година во манастирот на сестрите Мисонерки на љубовта во Скопје, професорот на Католичкиот богословски факултет во Сараево, о. Туралија за сестрите одржа духовна обнова.
Водителот на духовната обнова о. Туралија одржа наговор врз основа на Страданието според евангелистот Иван, кој ја опишува во 18 глава, при што ги истакна контактите и средбите на Исус со сите сталежи и структури. „Сите на некои начин се допреа до Исус: од свештениците до криминалците; од ерусалимците до поклониците, од учениците до минувачите“ После духовниот наговор следуваше дискусија и света Тајна Исповед.
к.мк