На 9 декември 2020 година во просториите на Бискупската резиденција во Скопје Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх го прими во куртоазна посета новиот амбасадор на Италија во Македонија, Андреа Силвестри.
Бискупот Стојанов го запозна новиот амбасадор за животот на Црквата во Македонија, а сподели и импресии од посетата на папата Фрањо на Македонија.
Соговорниците ја истакнаа претходната добра соработка со желба таа да продолжи и понатаму да се продлабочува за доброто на сите.
к.мк