Во просториите на бискупската резиденција во Скопје на 24 септември 2020 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов го прими во проштална посета амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.
На средбата соговорнците направија осврт на теми поврзани со животот на Црквата и земјата, при што беше истакната добрата меѓусебна соработка.
На крајот од средбата епископот Стојанов му посака Божји благослов и успех во понатамошна дипломатска служба.
к.мк