Бискупот Стојанов во посета на сестрите Урсулинки во Зеница

Бискупот Стојанов во посета на сестрите Урсулинки во Зеница

На 14 октомври 2021 година Н.В.П. монс. Д-р Киро Стојанов скопски бискуп и епарх струмичко – скопски служеше света Литургија во капелата во манастирот на сестрите Урсулинки во Зеница (БиХ). Исто така епископот Стојанов оствари средба со сестрите Урсулинки, придружуван од дон Давор Топиќ, парох на парохијата „Свети Јосиф“ во Зеница, каде што делуваат сестрите, кој што повеќе години беше декан и катедрален парох во Скопје и којшто во минатите денови го придружуваше бискупот Стојанов за време на неговата пасторална посета на Босна и Херцеговина.

Во срдечната и пријатна атмосфера сестрите Урсулинки го запознаа бискупот Стојанов со нивната историја и делување во парохијата, а од своја страна бискупот Стојанов накратко ги запозна сестрите Урсулинки со животот и делувањето на Католичката црква во Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот