Бискупите од Соединетите Американски Држави против ограничувањата за издавање виза на мигрантите
Бискупите од Соединетите Американски Држави ја осудија најавата за новите мерки на претседателот Доналд Трамп кои го ограничуваат издавањето на визи за емигрантите кои доаѓаат од земји како што се Иран, Либија, Северна Кореја, Сирија, Венецуела, Јемен и Сомалија. Бискупската конференција на Соединетите Американски Држави во соопштението ја поттикнува владата да ја повлече оваа мерка зашто таа би предизвикала тешка хумана и стратешка штета.
Најавата на мерките кои ја ограничуваат имиграцијата дополнително ги загрозува напорите на повторно соединување на семејствата и ќе го отежнат осигурувањето на поддршката на присилна емиграција во тие земји – напишаа бискупите од Соединетите Американски Држави во соопштението објавено после одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за ограничување на издавање виза за мигранти од 6 земји. Имено, мерката е во согласност со претседателската одредба позната како забрана за патување, а која не дозволува влез на граѓаните од земјите кои не соработуваат со Соединетите Американски Држави за прашањата пд националната безбедност. На пописот се: Иран, Либија, Северна Кореја Сирија, Венецуела, Јемен и Сомалија.
Бискупите истакнуваат дека оваа одредба е “жално потсетување” на забраната од 2017 година која ја загрози верската слобода како основно начело на Соединетите Американски Држави. Во соопштението се тврди дека за земјите за кои визите се забранети, во последните три години не се применуваат ниту исклучоци како што се болест на членот на семејството. Со посебна жалост забележуваме и лично сме сведоци на траумата од семејните разделувања кои се случуваат поради забраната за патување и кои со новите одредби само ќе се зголемат.
Бискупите од Соединетите Американски Држави во соопштението истакнуваат како препознавааат дека гаранцијата за безбедноста на своите граѓани е предизвик за една земја, но предупредуваат дека забраните кои се лошо осмислени како таа, им прават лошо на невините семејства. Соопштението завршува потсетувајќи на зборовите на претседателот на Бискупската конференција на Соединетите Американски Држави, надбискуп Хосе Гомез: Прифаќањето на семејствата ѝ овозможи на нашата земја интегрирање на генерации доселеници во ткивото на американскиот живот, овозможувајќи им со својата вера, вредности и способности да допринесат да стане сјајна земја.
Новата мерка која беше најавена на 31 јануари, ќе стапи на сила на 22 февруари, а според изјавите на Владините претставници, е превземена како одговор на одбивањето или неспособноста на овие земји да ги задоволат критериумите за процесите на идентификација, размена на информации и безбедносни стандарди кои се воспоставени во 2017 година. Белата куќа, исто така, во соопштение објасни дека новото ограничување нема да се применува на туристичко, работно или друго патување кое не е поврзано со емиграција.
Ватикан њуз/к.мк