Во понеделникот на 4 март 2024 година, папата Фрањо во приватна аудиенција го прими отец Анселм Грун (79), бенедиктински монах и автор на бројни книгу. „Ти си монах кој не се плаши“, му рекол Папата, објави бенедиктинецот Грун во вторникот на 5 март.
Папата Фрањо се заблагодари „што им помогам на луѓето со моите книги“, рече монахот. Тоа е многу важно за луѓето и за Црквата. „Тој ме охрабри да продолжам со мојата работа.“
Теологот и економист живее во опатијата Минстершварцах во близина на Вирцбург. Од 1979 година, има напишано повеќе од 300 книги. Во нив Грун првенствено се занимава со духовноста и животот. Со вкупен тираж од двоцифрени милиони во текот на 35 години, тој е еден од најчитаните христијански автори денес.
Монахот зборуваше за „многу возбудливото“ искуство на аудиенцијата кај Папата. Тоа се должи на еден пар кои ги посетуваат неговите курсеви. Сакале да го израдуваат и напишале писмо до Ватикан. Потоа добил електронска пошта: „Срдечно сте поканети во понеделник во осум часот.“ Швајцарската гарда знаела за тоа, веднаш штом го виделе. Го придружувале до Апостолската палата. Чекал со останатите гости во големата сала додека не го повикаат. Папата Фрањо го пречекал во неговата приватна библиотека. Беше на нозе, стоеше, иако очигледно имаше проблем да стане. Неговиот глас не беше толку силен како и обично. „Но, тој беше ментално присутен и исто така многу пријателски расположен“.
Бенедиктинецот рече дека се чувствува потикнат од Папата „да продолжи да прашува каква порака им е потребна на луѓето денес“. Папата Фрањо чувствува дека монахот Грун им дава храброст на луѓето. „Моите книги зрачат самодоверба, а не страв“, заклучил Грун.
Ватикан њуз/к.мк