Бденија и молитви за мир во Светата Земја
По апелот на папата Фрањо кој го упати во неделата на 13 јули во кој ги повикува сите луѓе упорно да продолжат да молат за мир во Светата Земја, вечерва 17 јули 2014 година во Италија, Ерусалим и во другите делови на светот, мноштво верници се собираат на молитвено бдение за прекин на насилствата од кои не се поштедени ниту децата. Молитвата ни помага да не дозволиме да нѐ победи злото – вели Светиот Отец – и омразата да се надвладее со дијалог и помирување.
Меѓу бројните молитвени бденија, во 18 часот молитвата започна и во римската базилика Света Анастасија, чиј ректор дон Алберто Пачини во разговор за Радио Ватикаа рече дека со тоа одговараат на повик од Папата, свесни на сериозноста на сегашниот момент и свесни на ефикасноста на молитвата. Молитвата до Господ значи многу силно оружје во кое треба повеќе да веруваме – рече дон Алберто.
А на новинарска забелешка дека во овој момент изгледа дека злото е посилно, а молитвата залудна, дон Алберто рече дека злото секогаш изгледа посилно затоа што е погласно. Но, заради тоа нашиот одговор треба да биде прилагоден на тоа. А Папата во неделата нѐ поттикна на сериозно размислување – напомена дон Алберто – кога ни рече да не мислиме дека молитвата одржана во Ватикан била излишна или залудна. Донесе плодови кој не ги гледаме, плодови кои ако ги гледаме од надвор, му бегаат на погледот..
Во секој случај – додаде – ако злото се зголеми, треба да се зголеми и делувањето на доброто. А што е поефикасно од молитвата до Бог за да интервенира Тој? Тој ни зборува: молете, прашувајте, чукајте, барајте! И тоа е она што сакаме да го направиме – рече на крајот ректорот на римската базилика Света Анастасија.
РВ/Д.И.
1973