Најголемиот меѓуверски форум во Бангладеш – Советот за христијанско, будистичко и хинду единство (BBCUC) бара претставници на верските малцинства да бидат во изборната комисија.
Владата во Бангладеш имено во моментот формира нова изборна комисија пред општите избори објавени за крајот на 2023 година. Верските и етничките малцинства во Бангладеш сочинуваат најмалку 12 % од населението и затоа бараме од комитетот и претседателот Абудл Хамид овие групи да бидат застапени – вели Нимол Росарио, католик и претседател на Советот за христијанско, будистичко и хинду единство, во интервју за Asianews.
Тој посочи дека претходните избори покажале дека малцинствата се наоѓаат во голема опасност при гласањето. Имено, кога некоја партијата же биде поразена, најчесто ги обвинува припадниците на малцинствата дека не гласале за нив, а потоа им се одмаздуваат. За време на изборите, екстремистичките групи постојано повикуваат на омраза кон малцинствата поврзувајќи ги со одредена партија. Asianews, исто така, наведува дека изборната комисија во 2017 година поставила датуми за избори на празниците на верските малцинства кои потоа се чувствувале принудени да ги прекинат прославите.
Папата Фрањо го посети Бангладеш во декември 2017 година и во Дака учествуваше на меѓуверска и екуменска мировна средба со претставници на исламот, будизмот, хиндуизмот и христијаните. Денес, речиси 90 отсто од 160 милиони луѓе во земјата се произнесуваат како муслимани, главно сунити. Десет проценти од населението се Хиндуси, помалку од еден процент Будисти, а едвај 0,5 проценти се христијани.
Ватикан њуз/к.мк