Проповед на владиката Стојанов за време на архиерејската Литургијата во Радово по повод Свети пророк Илија, патрониот празник на парохија.
Драги браќа и сестри, оваа размислување ќе го започнам со едно темелно прашање кое, кога тогаш, секој човек ќе си го постави, некогаш повеќе некогаш помалку, но без тој одговор не ќе може да живее. Тоа прашање гласи: А што е вистина? Прашање кое го поставуваат и децата. Само да се присетите на вашите деца, колку пати го поставија прашањето: А што е тоа? Зошто е тоа? Како е тоа? И колку пати се измамивме ако криво сме ѝ одговориле и ако тие и така измамени започнале да имаат или градат ставови кои се лажни. Старата изрека вели дека на грамови вистина може да гради свет, додека на тонови лаги не може ништо да изгради. Ако тоа прашање го поставиме во младите години, колку е важно да се добие вистински одговор на прашањето: Дали ме љубиш? Што ако одговорот не е вистински и искрен тогаш може да биде упропастен цел живот. Понатаму не би набројувал очигледно е дека сите чувствувате колку е тоа животно и важно прашање.
А сега, наспроти тоа, би поставиле општо прашање: а што е денес вистина што го нудат медиумите, печатот, политиката па дури и некои науки. Сите имаме некое искуство, кој повеќе кој помалку, до таа мера дека сите сме склони да поминеме преку едно тврдење: денес сите лажат. Не е добро дека тоа би било така, но не можеме да се ослободиме од впечатокот дека многу пати сме измамени и дека вистински не знаеме како да се бориме, а особено како да дојдеме до правата вистина.
Библијата – Светото Писмо ни говори дека ѓаволот е татко на лагите. Неговата природа е сама лаж и заведување на човекот од патот на вистината. Една приказна вели како три млади ѓаволчиња се појавиле на испит кај главниот ѓавол. Запрашан првиот: Што ќе им кажеш на луѓето: постои или не постои Бог? Одговорил – јас ќе им кажам дека нема Бог и дека сето тоа е само бајка и мит. Стариот ѓавол го прекинува и му вели падна на испитот, бидејќи луѓето сепак чувствуваат, ако не порано, барем на часот на смртта дека Бог сепак постои. Запрашан вториот: што ќе направи тој? Одговорил како ќе им каже на луѓето дека не постои пекол и дека нема казни. И нему стариот ѓавол му вели дека паднал на испитот, бидејќи луѓето сепак чувствуваат дека постои разлика помеѓу доброто и злото. Дошол најмладиот ѓавол и на прашање што ќе прави тој? Одговорил – оној кој бара вистина ќе му кажам немој тоа да го правиш денес, остави за утре. На тоа стариот ѓавол му рекол оди и прави. Приказната е неверојатна, можеби и наивна, но искажува голема вистина.
Вистината е најголем противник на ѓаволот, а за нас најопасна работа која може да ни се случи во животот, а тоа е да живееме лажно. Вистина е, кога ние тоа што го знаеме и веруваме се поклопува во целост со онаа што е стварност. На пример, јас знам дека тоа е микрофон и тоа мое знаење одговара на вистината, бидејќи тоа е стварно микрофон. Но, да отидеме подлабоко, кога се работи за верските вистини тие претпоставуваат доверба во личноста која ни ја објавува вистината: пророк, навестител, а редовно и самиот Бог. Објавената вистина содржана во Светото Писмо е Божја вистина. При таа вистина треба да постои чисто срце кое може да верува и совест која може според таа вера да верува. Ако сега знаеме дека главна желба на ѓаволот е да не ни допушти да ја сознаеме вистината тогаш доаѓа до заведување. Прва била заведена Ева, кога им било кажано дека дрвото на сознанието не е забрането, туку ако јадат од него ќе бидат како Бог. Ето тоа е прв пример и можеби досега најголема измама која се случила. Гледајќи ја историјата од избраниот народ постојано наидување на падови и подеми токму околу објавената вистина. Немаме сега толку време, но да ги погледнеме псалмите и многу историски книги и мудрости би виделе трајно неверство на народот кој не верува на Божјите ветувања и едноставно допушта да биде заведен од лажните богови до таа мера што во времето на Илија дошло до една голема криза, односно пропаѓање на вистинската вера сè до распаѓање. Тој човек е повикан од Бога на чудесен начин скоро осамен, но охрабрен до таа мера да се спротивстави на сиот народ пред сè на кралската куќа во борбата за одбрана на вистината и тоа за Божјата објавена вистина. За вистината ја заложува сета своја способност дури и животот сакајќи да го одбрани од сите напади Божјото вистинско слово. Беше драстично пресметување. Да се присетиме на крвавото пресметување со четиристотините ваалови пророци и бегството на Илија на гората Хорив за да таму го сретне Господа и охрабрен се враќа и прави обнова на верата на своите сонародници.
Можеби некој ќе се запраша зошто оваа повторување на овие познати настани од животот на свети Илија во парохијата во која од самиот почеток го почитува овој пророк. Да, браќа и сестри, може и така да се мисли, но, ако се соочиме со реалноста која се случува во нашиот дом, во нашиот живот, а тоа е влијанието на медиумите и општеството кон нашите млади и обидете се искрено да ги прашате за многу верски вистини и што ќе ви одговорат. Не верувам дека медиумите, интернетот и сознавањата од страна дека не им ја поматија јасната слика за вистината со која би требала да се рамни и нашиот живот. Ако било кога, тогаш сега свети Илија би требало да биде присутен со својот силен збор и голем запал во одбрана на објективната вистина за живот, за правата за живот, за вредностите, за неотуѓивоста на идентитетот. Сигурно дека Илија нема да го стопира прогресот и напредокот на Радово, но многумина во домовите би го очистиле обожувањето на лажните богови – идоли како што се материјалните средства, грабливоста, себичноста, зависта и сето тоа што не се гледа, а ние чувствуваме нека ни ја разорува внатрешноста.
Во оваа света Литургија повторувам: свети Илија не го напуштај своето Радово, посебно сега кога не опкружува лажен свет. Охрабри не да ја живееме вистината, да одиме исправни и дај да се бориме со твојата ревност за оваа наша грутка земја за која сакаме да остане света почва. Нека на помош ни биде свети пророк Илија. Амин.