Да ја чествуваме Марија и да се молиме таа да нѐ придружува на патот што води од Земјата кон Небото, низ патеките на маленкоста и служењето што го одбележаа животот на Дева Марија и го „заробија“ Бога. Таа, „понизна и возвишена“, нѐ потсетува дека Бог нѐ повикува на славна иднина. Со овие зборови, папата Фрањо им се обрати на верниците од целиот свет, собрани за молитвата Ангел Господов на 15 август 2021 година, на денешниот свечен празник.
Во продолжение го пренесуваме целиот текст од говорот на папата Фрањо:
Драги браќа и сестри, добар ден!
Денес, на празникот Успение на Пресвета Богородица, химната Величај звучи јасно во Литургијата. Оваа пофална песна е како „фотографија“ на Мајката Божја. Марија „го фали Господ затоа што ја виде понизноста на својата слугинка“ (сп. Лк 1, 47-48).
Понизноста е тајната на Марија. Понизноста го привлече Божјиот поглед кон неа. Човечкото око секогаш бара величење и дозволува да биде заслепено од впечатливото. Иако Бог не гледа однадвор, Бог гледа во срцето (1. Самоилова 16: 7) и е заробен од понизноста: понизноста на срцето го плени Бога. Денес, гледајќи ја вознесената Марија, можеме да кажеме дека понизноста е патот што води кон Небото. Зборот „понизност“ доаѓа од латинскиот термин хумус, што значи „земја“. Тоа е парадоксално: за да достигнеме високо на Небото, мора да стоиме ниско на земјата! Исус нѐ учи на ова: „Тој што се понизува, ќе биде издигнат” (Лука 14,11). Бог не нѐ величи за нашите таленти, за нашето богатство, за нашите вештини, туку за нашата понизност; Бог е вљубен во понизноста. Бог ги велича оние што се понизуваат и служат. Всушност, Марија не си припишува ништо друго освен „титулата“ слугинка: таа е „слугинка Господова“ (Лука 1,38). Не кажува ништо друго за себе, не бара ништо друго за себе.
Тогаш денес, можеме да се запрашаме во срцето: како стојам со понизноста? Дали сакам да ме препознаат другите, да се докажувам и да бидам пофален, или сакам да служам? Дали сум способен да слушам, како Марија, или сакам само да зборувам и да привлечам внимание? Дали можам да молчам, како Марија, или секогаш зборувам? Дали можам да попуштам, да ги отфрлам расправиите и споровите или секогаш сакам само јас да сум на прво место? Ајде да размислиме за овие прашања: како стојам со понизноста?
Со својата понизност Марија прва го освои небото. Тајната на нејзиниот успех лежи во тоа што таа самата признава дека е мала, признава дека е во потреба. Кај Бог само оние што се признаваат себеси како ништожни се во состојба да добијат сѐ. Само оној што се понижува ќе се исполни со Него. А Марија е „полна со благодат“ (р. 28) токму поради нејзината понизност. А за нас понизноста е секогаш почетна точка, почеток на нашата вера. Основното е да бидеме сиромашни по дух, односно да имаме потреба од Бог. Оние што се исполнети со самите себе не оставаат простор за Бога – и многупати ние сме исполнети со самите себе – но оној што е понизен му дозволува на Господ да прави големи работи (р. 49).
Поетот Данте ја нарекува Дева Марија „најпонизна и највозвишена од сите созданија“ (Рај ХХХIII, 2). Убаво е да се мисли дека најскромното и највозвишеното создание во историјата е првата што го освои небото со сета своја душа, тело и дух, го помина животот воглавно меѓу ѕидовите на семејниот дом, среде обичното секојдневие, среде понизноста. Деновите на полна благодат нѐ беа особено истакнувани. Честопати биле исти, поминати во тишина: однадвор, ништо невообичаено. Но, Божјиот поглед секогаш остануваше на неа, восхитувајќи се на нејзината понизност, подготвеност, убавината на нејзиното срце никогаш не го допре гревот.
Тоа е голема порака за надеж за нас; за тебе, кои секогаш ги живееш истите, напрони и често тешки денови. Марија те потсетува денес дека Бог те повикува кон оваа славна цел. Тоа не се само убави зборови, тоа е вистина. Тоа не е некој измислен среќен крај, некоја побожна илузија или некоја лажна утеха. Не, тоа е чиста реалност, жива и вистинита како што Богородица се вознесе на небото. Ја чествуваме денес со синовска љубов, ја чествуваме радосна, но понизна, носени со надеж дека еден ден ќе бидеме со неа на небото!
И да ја замолиме сега да нѐ следи по патот што води од Земјата кон Небото. Да се потсетиме дека тајната на патот се крие во зборот понизност – да не го заборавиме тој збор – и дека понизноста и служењето се тајните за постигнување на целта, за да се достигне небото.
Ватикан њуз/к.мк