Бог сака да растеме како дар, само така ќе станеме големи. Да погледнеме на свети Петар, негов дар е место каде е погубен кое се претвори во прекрасно место на надеж на кое се наоѓаме.
Денес ги славиме светите заштитници на Рим, апостолите Петар и Павле – рече папата Фрањо на 29 јуни пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар и истакна: Да се биде тука, близу до местото на кое Петар како маченик умира и е погребен, тоа е дар. Меѓутоа, денешната Литургија нѐ потсетува на сосема поинакви настани, и вели дека неколку години пред тоа, Петар бил спасен од смрт. Го уапсиле, бил во затвор и Црквата, плашејќи се за неговиот живот, постојано молела за него. Тогаш слегува ангел и го ослободува од затворот (Дела 12,1-11). И години покасно, кога Петар бил затвореник во Рим, Црквата сигурно молела за него. Но во таа прилика животот не му бил поштеден.
Како тоа претходно да бил ослободен од искушение, а подоцна не? – праша Папата и одговори: Затоа што во Петровиот живот постои пат, кој може да го осветли нашиот животен пат. Господ му дарувал многу милоста и го ослободил од злото, а така прави и со нас. Секако, кон него одиме често само кога имаме потреба. Но Бог гледа повеќе, и нѐ повикува да одиме понатаму, да не ги бараме само неговите дарови, туку него, да му ги довериме не само своите проблеми, туку и својот живот. Така на крајот ќе може да ни даде поголема милост, да му го даруваме својот живот.
Најважна работа во животот е од животот да направиме дар – рече Светиот Отец и напомена: Тоа важи за сите, за родителите во однос со децата и за децата во однос со родителите, секако за оние кои се оженети и за посветените на Бога, вреди насекаде, дома, и на работа, како и во односот со сите кои ни се блиски. Бог сака да растеме како дар, само така ќе станеме големи. Да погледнеме на свети Петар. Не станал јунак затоа што бил ослободен од затворот, туку затоа што тука го има дадено својот живот. Неговиот дар е местото каде е погубен кое се претворило во прекрасно место затоа што тука го дава својот живот. Неговиот дар е местото каде е погубен и е претворено во прекрасно место на надеж каде сега се наоѓаме.
Од Бог не треба да бараме само милост за одреден момент, туку милост за животот – рече Папата и додаде: Евангелието денес ни го покажува токму дијалогот кој го промени животот на Петар. Почувствувал дека Исус го прашува: Кој сум јас за тебе? И затоа ќе одговори: Ти си Христос, Син на живиот Бог“. А Исус ќе му каже, блажен си Симоне, сине Јонин (Матеј16,16-17). Исус му вели на Петар дека е блажен, односно буквално среќен. Забележуваме дека Исус му вели на Петар: Блажен си!. А Петар му одговара: Ти си Син на живиот Бог!
Не е важно да се знае дека Исус бил голем во животот, туку да се цени она што го кажал и правел. Важно е кое место му го даваме во животот – рече Папата и истакна: Токму во тој момент Симон почувствувал дека Исус му вели: Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата своја. Не го нарекол камен затоа што бил цврст и човек од доверба. Не, направил многу грешки, дури и се одрекол од Учителот. Но избрал да го гради живото врз Исус. Не врз телото и крвта, односно врз себе, на своите способности, туку на Исус. Исус е камен од кој Симон ќе стане карпа.
Денес пред апостолите можеме д се прашаме: Како го поставуваме својот живот? Дали само мислиме на моменталните потреби или веруваме дека нашата вистинска потреба е Исус, кој од нас прави дар? Како го градиме својот живот, на своите способности или на живиот Бог? Богородица која потполно се доверила на Бог, нека ни помогне да го поставиме како темел на секој наш ден – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк