Амазонската црковна конференција, тело кое неодамна е воспоставено во Латинска Америка е знак на потребната близина со населението, посебно домородното.
Амазонската црковна конференција и директен плод на неодамна одржаната Вонредна синода за панамазонското подрачје кое по барање на папата Фрањо се одржа во Ватикан во октомври минатата година.
Монсињор Нери Хозе Тондело, бискуп на бразилската бискупија Хиуна, истакна дека цела на тоа синодско тело кое е основана во Латинска Америка е за да даде соодветен одговор на барањата на сиромашните и барањата на сестрата и мајка земја.
Заедно со статутите е одобрен и водич кој содржи точки кои се однесуваат на науката на Папата, како што е Апостолскиот поттик „Радост за евангелието“ и енцикликата „Лаудато Си“, кои го зема во обѕир целиот пат кој го поминавме, вклучувајќи ја и 5. Конференција на латиноамериканските бискупи во Аперацида во 2007 година – рече бискупот Тондело кој учествуваше во основањето на Амазонската црковна конференција и додаде: Тоа е сигурен компас за планирање на следните активности.
Ватикан њуз/к.мк