Папата: Економијата да биде во служба на народот и мајката Земја

Папата: Економијата да биде во служба на народот и мајката Земја

Папата Фрањо го придружуваше отворањето на настанот насловен „Подгответе се за иднината, изградите одржлива, инклузивна, регенеративна економија“ што се одржа во Латеранската палата, поттикнат од Ватиканската комисија за Ковид-19, која е во склоп на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој и Network Deloitte. Потребен е нов пристап, загубени се многу можности, рече Папата.

Не само декларации за намери, туку конкретна посветеност како економијата и финансиите би биле во служба на народот и мајката Земја; мерките за напредок треба да бидат луѓето кои излегуваат од сиромаштија и работат достоинствено, а не логиката на профит, експанзија и заработка за многу кратко време. Со тој поттик во пораката, папата Фрањо им се обрати на учесниците на настанот што се одржа 12 јануари 2022 година во Латеранската палатата, насловен „Подгответе ја иднината, изградите регенеративна, инклузивна и одржлива економија“.

Настанот е организиран по барање – кое го повтори Папата во пораката – да се подготвиме за иднината, потпирајќи се на најдобрата достапна наука, со реализмот на Евангелието и во знак на солидарност со маргинализираните. Имено, што ќе се случи зависи од нашата посветеност – истакна Папата. Пандемијата не може да не остави како што бевме порано и мора да признаеме дека за две години изгубивме многу можности да го промениме нашиот пристап – додаде тој, истакнувајќи ги новите неправди и нееднаквости, како и постојаните предизвици како грижата за заедничкиот дом, дистрибуција на вакцини, зголемен глад, сиромаштија и трговија со оружје.

Треба да се промовира промена на парадигмата и да се најдат креативни решенија; светот на економијата и финансиите имаат важна одговорност – истакна Папата и ги охрабри учесниците да работат заедно во борбата против сиромаштијата и за вработување. Тоа се конкретни обврски во служба на луѓето и на целото создание. Толку ли е тешко да се обезбедат услови за да може секој преку својата работа да придонесе за промена на светот? – праша папата Фрањо и на крајот истакна: Можете да направите разлика; колку би сакал сите да ја прифатат одговорноста за подготовка на поинаква иднина!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот