Бразил: Бродот болница „Папа Фрањо“ ги прими првите пациенти

Бразил: Бродот болница „Папа Фрањо“ ги прими првите пациенти

Бродот болница, кој го носи името на Светиот Отец, во јули исплови од градот Обидос, во бразилската држава Пара, а во сабота доплови во Белем, главниот град на споменатата држава, на устието на Амазон во Атланскиот океан. Вчера, после утринското евхаристиско славење, бродот болница „Папа Фрањо“ ги прими првите пациенти

Станува збор за најпотполна речна болница во Бразил, која на жителите покрај брегот на Амазон ќе нуди здраствена заштита и ќе го носи Божјото Слово. Бродот во јули тргна од градот Обидос, а идеен творец на иницијативата е локалниот епископ монс. Бернардо Балман, во соработка со монасите на Братството на свети Фрањо Асишки од Божјата Провидност кои управуваат со болница во Рио де Жанеиро.

Папата Фрањо доаѓањето на бродот во пристаништето Белем го пропрати со писмо во кое ја изрази радоста и благодарноста до Господ поради покренувањето на таа иницијатива која – како што пишува – ќе го донесе Божјото Слово и можноста за подобро здравје на оние на кои има е најпотребна, особено домородците и жителите кои живеат долж реката Амазон, по која ќе се плови во должина од 1000 километри. Имено, повеќе од 700.000 луѓе живеат на подрачјето на бразилската држава Пара до кои може да се дојде само преку реката.

Светиот Отец од почетокот ја даде својата подршка на споменатата иницијатива и ги следеше чекорите кон нејзиното остварување. Во писмото го истакна нејзиното значење со оглед на претстојната посебна Епископска синода за Амазонија па напиша дека таа речна болница пред сè е одговор на посланието Господово Кој и понатаму испраќа свои ученици да го навестуваат Царството Небесно и да лекуваат болни. Мисијата на бродот „Папа Фрањо“ ќе биде подршка на животот во Амазонија, на добриот живот кој за домородците на тоа подрачје значи меѓусебен склад како и склад со природата, човечките битија и врховното Битие – стои во писмото.

Светиот Отец потсети дека Црквата е повикана да биде теренска болница која ги прифаќа сите, без разлика и услови. Како Исус, Кој се појави одејќи по водата, ја смири бурата и ја зајакна верата на учениците, овој брод ќе носи духовна утеха и смирение на мажите и жени во потреба – стои во писмото на папата Фрањо кој на крајот се заблагодари на епископот Обидос и Братството на свети Фрањо Асишки од Божјата Провидност на тој убав знак на вера и христијанска солидарност. На лекарите, волонтерите, добротворите и на сите оние кои ќе пружат помош, Папата им подели благослов и ги довери на Назаретска Богородица, повикувајќи ги да се молат за него и за добри плодови на претстојната Синода за Амазонија.

Да потсетиме дека споменатата иницијатива настана после посетата на папата Фрањо на болницата на Братството на свети Фрањо Асишки од Божјата Провидност, во Рио де Жанеиро, по повод Светскиот ден на млади, 2013 година. Светиот Отец при таа прилика ги поттикна да одат во Амазонија, дознавајќи претходно во разговор со основателот на братството, фра Франциско Белотиј, дека нивните монаси сѐ уште не се присутни на тоа подрачје. Поминаа 6 години од тој разговор, па со помош на бразилската држава Пара која ги донираше средствата, остварен е и тој проект. Вчера, после утринското Евхаристиско славење, во Белем, својата прва станица, бродот болница ги прими првите пациенти.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот