Директорката на ЦРС за Европа во посета на Македонски Каритас

Директорката на ЦРС за Европа во посета на Македонски Каритас

Во периодот од 31 јануари до 01.февруари 2019, директорката на каритативната организација ЦРС (Catholic Relief Services) за Европа, г-ѓа Деби Шомберг, го посети Македонски Каритас.

Најпрвин таа ја посети канцеларијата на Македонски Каритас во Скопје, каде од страна на персоналот одблизу беше запознаена со активностите на Македонски Каритас.8347-1

На 31 јануари 2019 во попладневните часови во бискупската резиденција во Скопје, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх Струмичко скопски, ја прими г-ѓа Деби Шомберг. На почетокот од средбата бискупот Стојанов го изрази своето задоволство за посетата на претставничката на ЦРС и ја запозна г-ѓа Шомберг со животот и делувањето на Католичката Црква во Македонија, како на црковно така и на хуманитарно поле. Меѓудругото бискупот Стојанов се заблагодари за долгогодишната соработка и подршката што ЦРС ја дава на црковната хуманитарна организација Македонски Каритас, при тоа изразувајќи надеж дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, а се за доброто на луѓето во потреба.

Директорката Шомберг се заблагодари на бискупот Стојанов за остварената средба и го запозна бискупот Стојанов со некои од проектите кои ЦРС ги реализира или подржува во регионот.

На 1 февруари 2019 година во Битола директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија, оствари средба со г-ѓа Шомберг. Тој ја запозна гостинката најпрвин со историјата на католичката парохија во Битола „Пресвето Срце Исусово“. Дон Паво Шекерија се заблагодари за подршката на ЦРС кон Македонски Каритас, со надеж дека подршката ќе продолжи и во иднина.

Г-ѓа Шомберг го изрази своето задоволство за посетата и средбата и се заблагодари за партнерскиот однос кој го имаат двете организации.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот