Папата ќе се сретне со претседателите на сите Епископски конференции

Папата ќе се сретне со претседателите на сите Епископски конференции

На крајот од работната сесија на Кардиналскиот совет (C9) Канцеларијата за печат на Светиот Престол најави состанок на папата Фрањо со претседателите на Епископските конференции од целиот свет

Папата Фрањо од 21 до 24 февруари следната година во Ватикан ќе се сретне со претседателите на сите Епископски конференции, при што ќе се разговара за актеулните проблеми со кои се соочува Црквата. Сите кардинали изразија задоволство за успехот на IX. Светска средба на семејства која се одржа во Даблин – рече заменичката директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Палома Гарсија Овехеро на брифинг за новинарите одржан на крајот од работната сесија на Кардиналскиот совет (C9).

Што се однесува до барањето за Папата која го упатија кардиналите на почетокот на нивниот состанок, а во врска со размислувањето за работата, структурата и составот на самиот совет, водејќи сметка и за поодминатата возраст на некои негови членови, не се објавени новости, туку само датум за следната работна сесија на групата C9, а таа ќе се одржи од 10 до 12 декември оваа година.

Голем дел од работата на Советот на деветмината кардинали, пет години после неговото основање во септември 2013 година е посветено на уредувањето на нацрт новата Апостолска конституција за Римската курија, која има привремен наслов „Praedicate evangelium.“ Кардиналите му го предадоа на Папата нацрт текстот кој сега треба стилски да се уреди и канонски да се провери. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот