Папата: Поголема улога на жената во општеството и Црквата

Наместо да биде решение за проблемите во односите помеѓу мажите и жените, родната или „gender“ теоријата би можела да биде чекор назад – рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 15 април одржана на плоштадот Свети Петар во присуство на околу 50 000 луѓе.

Наместо да биде решение за проблемите во односите помеѓу мажите и жените, родната или „gender“ теоријата би можела да биде чекор назад – рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 15 април одржана на плоштадот Свети Петар во присуство на околу 50 000 луѓе. Папата меѓу останатото истакна дека мажот и жената ги создаде Бог и тоа двајцата со еднакво достоинство и со карактеристики кои се надополнуваат.

Денешната катехеза посветена е на централната тема – семејството: тема за големиот дар кој Бог го подарил на човештвото со создавањето на човекот – маж и жена – како и во институцијата на светата Тајна брак. Ова катехеза како и следната се однесува на разликите и наполнувањата помеѓу мажот и жената кои се врвот на Божјото создавање – рече на почетокот Светиот Отец и кратко се осврна на извештајот од Книгата Битие. Овде читаме како Бог откако ја создал вселената и сите живи битија, го создал и своето ремек дело – човекот – го создал на сопствена слика: според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде (1Мој 1,27).

Како што знаеме половата различност во долгиот ланец на живи битија е присутна во сите облици на живот – рече Папата и истакна дека сепак единствено кај мажот и жената тие во себе ја носат сликата и сличноста со Бог. Библискиот текст тоа го повторува три пати и само во два реда (1Мој 1, 26-27)! Мажот и жената се слика Божја, слични на Бог. Тоа ни зборува дека не е само мажот за себе слика Божја; ниту само жената за себе е слика Божја, туку и мажот и жената – како пар – исто така се слика Божја.

Разликата помеѓу мажот и жената не е спротивноста или покорноста, туку заедништвото и раѓањето секогаш на слика и прилика Божја – рече Папата и додаде дека на тоа нè учи и искуството: добро да се запознае себе си и хармонично да расте човечкото битие му е потребна взаемноста на мажот и жената. Кога тоа недостасува се гледат последиците. Создадени сме за меѓусебно слушање и помагање. Може да се каже дека без взаемно збогатување во тој однос – во размислувањето и делувањето во чувствата и работата како и во верата – мажот и жената не можат потполно да сфатат што значи да бидеш маж и жена.

Современата култура отвори нови простори, нова слобода и нови длабочини за потполно разбирање на ова разлика. Сепак, отвори исто така и многу сомнежи и скептицизам. Се прашувам на пример дали така наречената родна или гендер теорија е всушност израз на фрустрација и резигнација, бидејќи половата различност настојува да ја уништи, поради што со неа повеќе не успева да се носи. Така би можеле да направиме чекор назад – предупреди Светиот Отец. Отстранувањето на разликите е проблем, а не решение.

За решавање на проблемите во својот однос мажот и жената треба повеќе да разговараат еден со друг; повеќе да се слушат; подобро да се познаваат и повеќе да се сакаат. Треба еден кон друг да се однесуваат со почит и пријателски да соработуваат. На тие човечки темели поддржани со Божјата милост можно е – според зборовите на Папата – да се заснова брачно и семејно заедништво за цел живот. Брачната и семејната врска е сериозна работа и тоа важи за сите луѓе, не само за верниците – истакна папата Фрањо и ги поттикна интелектуалците да не ја занемарат оава тема како да станала споредна во заземањето за послободно и поправедно општество.

Бог на земјата го доверил сојузот на мажот и жената: неговиот неуспех го прави светот неплоден за чувства и го затемнува хоризонтот на надежта. Знаците за тоа се веќе видливи и загрижувачки – рече Светиот Отец и меѓу другото предупреди на две работи за кои треба брзо да се заземеме.

Првата: – рече Папата – ако сакаме да ја зацврстиме взаемноста помеѓу мажот и жената без сомнеж треба многу повеќе да направиме за жената. Потребно е жената да не биде само внимателно слушана, туку и нејзиниот глас да добие на тежина; да и се признае важноста во општеството и во Црквата. Начинот на кој Исус ја сфаќал жената (која во тоа време навистина била на второ место) и во понеповолни можности од овие нашите, силно осветлува долг пат, кој сме го поминале само во еден мал дел. Сеуште потполно не сме сфатиле што може да ни даде женскиот гениј; работи кои жената може да ги даде на општеството, а и на нас; која знае да ги виде работите со други очи што го надополнува машкиот начин на мислење. Тоа е патот кој треба да го поминеме со повеќе смелост и креативност – рече Папата.

Второто размислување се однесува на темата мажот и жената создадени на образот Божји. Се прашувам – рече Светиот Отец – нели е општа криза на верата во Бог која толку ни штети и која нè доведува до препуштање на невера и цинизамот поврзани со кризата на сојузот помеѓу мажот и жената. Библскиот извештај со живописна симболика на земскиот рај и источниот грев, всушност ни зборува дека заедништвото со Бог се гледа во заедништвото на човечкиот пар и дека губењето на верата во небесниот Отец доведува до поделби и конфликти помеѓу мажот и жената.

Одтука произлегува и големата одговорност на Црквата, на сите верници, а посебно на семејствата верници: повторно да ја откријат убавината на планот за создавање кој Божјата слика ја втиснува исто така и во сојузот меѓу мажот и жената (бракот) – истакна папапата Фрањо. Земјата се исполнува со слога и доверба кога (тој) сојуз на мажот и жената се живее во добро. Ако мажот и жената го бараат меѓусебно и во заедништво со Бог, тогаш без сомнеж го наоѓаат. Исус отворено нè поттикнува на сведочења на таа убавина која е слика Божја – рече на крајот Светиот Отец.

Во поздравите на различните групи на верници и поклоници од Италија и странство и поделувајќи им го на собраните верници и на нивните семејства својот апостолски благослов, папата Фрањо не ги заборави младите, болните и нововенчатите парови: ве поттикнувам во воскресното време да бидете вистински сведоци на воскресението во своите семејства и во своето животно опкружување: драги млади (посебно вие студентите од училиштето Света Елизабета Римска) сетете се дека милосрдието е најубавиот Божји дар; драги болни дозволете да ве утеши Отецот небесен; а вие драги нововенчани парови живејте ја својата љубов наследувајќи ја милосрдната љубов Исусова.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот