Црквата започнува со синодален процес

Црквата започнува со синодален процес

Во петок 21 мај Ватикан ја објави новата синодална програма, одобрена од папата фрањо, со што следната синода започнува во локалните цркви. „Артикулацијата на различните фази на синодалниот процес ќе помогне вистински да се слуша Божјиот народ со цел да се обезбеди учество на сите во синодалниот процес. Тоа не е само настан, туку и процес што вклучува синергија на Божјиот народ, Епископскиот колегиум и Римскиот бискуп, секој според својата соодветна функција“.

Првично, се сметаше дека Синодата „За Синодална црква: заедништво, учество и послание“ ќе започне во октомври 2022 година, но Генералниот секретаријат на Епископската синода, предложи нов метод за пат до Синодата.

Со цел да се постигне конкретна и видлива синодалност, како што посака папата Фрањо уште на почетокот од неговиот понтификат, почетокот на следната Епископска синода е закажан за октомври оваа година и нема да биде организиран само во Ватикан, туку во секоја поедина Црква на петте континенти.

Имено, следниот синодален пат ќе се состои од три фази: епархиска и континентална фаза, кои ќе подготват два различни работни документи – Instrumentum Laboris, и последната фаза ќе бид на ниво на универзалната Црква.

„Целосност на синодалниот процес може вистински да се реализира само доколку се вклучени месните цркви“, се вели во документот, претставен во Ватикан.

„За вистинско учество на локалните цркви, во вој процес мора да бидат вклучени и други црковни тела, како што се Синодите на источните католички цркви, советите и соборите на црквите sui iuris и Бискупските конференции со својот национален, регионален и континентален ентитет.“

Оваа прва „децентрализирана“ синода ќе започне во Ватикан на 9 и 10 октомври годинава со средба на која ќе учествува и папата Фрањо. Локалните цркви ќе се приклучат на синодата на 17 октомври. Целта на првата фаза е советување со Божјиот народ. За таа цел, Секретаријатот на Синодата ќе подготви документ, кој ќе содржи прашалник и водич со предлози за да се спореведат советувања во секоја поедина црква.

После тоа, секој епископ ќе назначи епархиски претставник, кој ќе биде врска со Бискупската конференција, а Конференцијата ќе именува претставник (или повеќе луѓе) за координација со Генералниот секретаријат на Синодата.

Континенталната фаза ќе се одржи од септември 2022 година до март 2023 година. Целта на оваа фаза е да се промовира дијалогот на континентално ниво. На крајот од дискусиите, секоја континентална група ќе подготви конечен документ кој ќе биде испратен до Генералниот секретаријат до март 2023 година. Секретаријатот потоа ќе подготви втор работен документ – Instrumentum laboris, кој треба да биде објавен во јуни 2023 година. Централниот дел на ова синодално патување ќе биде во октомври 2023 година во Ватикан.

Како што посочи папата Фрањо во 2015 година по повод 50-годишнината од формирањето на Епископската синода  – тоа е динамична точка на конвергенција која повикува на меѓусебно слушање на Светиот Дух на сите нивоа од животот на Црквата. „Артикулацијата на различните фази на синодалниот процес ќе помогне вистински да се слуша Божјиот народ со цел да се обезбеди учество на сите во синодалниот процес. Тоа не е само настан, туку и процес што вклучува синергија на Божјиот народ, Епископскиот колегиум и Римскиот бискуп, секој според својата соодветна функција“, рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот