Царице небесна: Со Исус секој неуспех е чекор напред

Царице небесна: Со Исус секој неуспех е чекор напред

Во пладневното обраќање пред молитвата Небесна царице, папата Фрањо се осврна на пасус од Евангелието кој зборува за средбата на Воскреснатиот со учениците од Емаус. Тој истакна колку е важно секој ден навечер да размислуваме за нашиот живот со Исус, преку испитување на совеста, отворајќи го нашето срце без заштита, така што дури и она што изгледа напорни и губитнички да се покаже во поинаква светлина.

Во пладневното обраќање пред молитвата Царице небесна во недела 23 април 2023 година, на третата Велигденска недела, папата Фрањо, пред присутните верници на плоштадот Свети Петар, се осврна на дел од Евангелието во кое се говори за средбата на учениците, тажни и потиштени поради смртта на Учителот, со Исус кој им се придружува, но тие не го препознаваат (Лука 24,13-35). Ги поттикнува, како што ни зборува Светото Писмо, да ги преиспитаат настаните и на тој начин им помага да ги толкуваат фактите на поинаков начин, во светло на Божјото Слово.

Важно е да размислувате за вашиот живот со Исус

Соочени со она што ни се случува секој ден, со збунетоста и осаменоста во која можеме да се најдеме, да се бара и да се чувствува Исусовото присуството ги ублажува разочарувањата и грижите и ја враќа надежта.

Евангелието на денешната литургија нè поттикнува сето тоа да му го раскажеме на Исус, искрено, без страв да не го вознемириме, без страв да кажеме погрешна работа, без да се срамиме од она што ни е тешко да го сфатиме. Господ е среќен кога му се отвораме; само така може да нѐ фати за рака, да нѐ следи и да направи повторно да се разбуди пламенот во нашето срце (сп. р. 32). Тогаш и ние, како и учениците од Емаус, сме повикани да се задржиме со Него за, и кога ќе се стемни, Тој да остане со нас (сп. р. 29).

Секојдневно испитување на совеста

Светиот Отец предложи метод, во кој освен тоа, се препознава неговата игнатијска духовност: посветувајќи по неколку моменти секоја вечер на кратко испитување на совеста. Станува збор за отворање на нашето срце кон него, ставање луѓе, одлуки, стравови, неуспеси и надежи пред него, за постепено да научиме да ги гледаме работите со поинакви очи.

Пред Христовата љубов, дури и она што се чини дека е тешко и губитнички, може да се прикаже во поинакво светло: крстот које тешко се прегрнува, одлуката да се прости за претрпената навреда, да не се одмазди со уште една одмазда, уморот од работата, чесноста што не чини многу, искушенијата на семејниот живот, моќта ќе ни се појави во ново светло, во светлината на Распнатиот и Воскреснатиот, кој знае секој пад да го претвори во чекор напред.

Отстранување на секоја бариера

Но, за да се направи тоа, важно е да се отстранат бариерите – рече Римскиот бискуп и објасни: Потребно е да се одвои време и простор за Исус, ништо да не се крие од него, да му ги донесеме нашите беди, да дозволиме неговата вистина да нè рани, да дозволи нашите срца да треперат од здивот на неговото Слово.

Можеме да започнеме денес со посветувајќи вечерва неколку моменти на молитва во која ќе се запрашаме: како ми помина денот? Кои се неговите, можеби скриени, бисери за кои треба да му се заблагодарам? Имаше ли малку љубов во она што го работев? Кои падови, таги, сомнежи и стравови да му се донесат на Исус за да ми отвори нови патишта, да ме подигне и да ме охрабри?

Богородице, мудра Дево, помогни ни да го препознаеме Исус кој оди со нас и да размислуваме пред него за секој ден од нашиот живот – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот