Струмица: Дворот на црквата се претвори во Витлеем

Струмица: Дворот на црквата се претвори во Витлеем

Во сабота, 5 јануари 2019 младите и децата од веронаучната група од парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица по завршувањето на Деветница за празникот Рождество Христово дворот на црквата за кратко го претворија во Витлеем, пренесувајќи го настанот за Рождеството Христово преку „жива пештера“.

Низ дворот на црквата можеа да се сретнат Јосиф и Марија, ангелите, мудреците и пастирите… На овој начин децата и младите го приближија на присутните витлеемскиот настан, кој ја промени историјата на човештвото. Настанот беше збогатен со божиќни песни, а присуствуваа голем број верници.

„Живата пештера“ веќе повеќе години наназад се реализира во дворот на црквата, а во оваа активност е вклучена целата парохиска заедница.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот