Сочувство од папата Фрањо за смртта на Михаил Горбачов

Сочувство од папата Фрањо за смртта на Михаил Горбачов

Папата Фрањо упати телеграма со сочувство до семејство на Михаил Горбачов.

Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз, почина во вторникот на 91-годишна возраст после долго и тешко боледување.

Светиот Отец следниот ден испрати телеграма со сочувство до ќерката на поранешниот советски државник, Ирина Горбачов.

Папата ја изрази својата духовна близина во тој момент на жалост и изрази искрено сочувство до членовите на неговото семејство и до сите кои гледаа во него почитуван државник.

„Спомнувајќи си со благодарност на неговото далековидно залагање за слога и братство меѓу народиите, како за напредокот на својата земја во време на важни промени, воздигнувам молитва за покој на неговата душа, барајќи од добриот и милосрден Бог вечен мир за неговата душа.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот