Скопје-Струмица: Прославен Првиот светски ден на дедовци, баби и стари лица

Скопје-Струмица: Прославен Првиот светски ден на дедовци, баби и стари лица

Првиот Светски ден за дедовци, баби и стари лица беше прославен во катедралните цркви во Скопје и Струмица, како и како и во сите останати парохии при бискупијата и епархијата.

Централната прослава за првиот светски ден на дедовци, баби и стари лица ја предводеше Н. В.П. монс д-р Киро Стојанов во Скопската катедрала во Скопје.

Неделата во пресрет на празникот на Света Ана и свети Јоаким, Исусовите „дедо и баба“, папа Фрањо ја прогласи за Светски ден на дедовци, баби и стари лица што оваа година се празнуваше по прв пат, а при таа пригода Светиот Отец папа Фрањо упати и своја порака „Јас сум со вас преку сите дни“ (сп. Мтатеј 28,20). Зборувајќи за пораката од неделното свето Евангелие бискуп Стојанов истакна дека Господ Бог сака со тоа да пробуди внимание за луѓето во потреба. Додека со овој Светски ден и папа Фрањо сака сите нас да нѐ поттикне да пробудиме внимание за потребите на нашите дедовци, баби и стари лица – рече епископот Стоајнов.

Во концелебрација со бискупот Стојанов беше катедралниот парох и декан дон Паво Шекериј. Литургиското пеење го предводеше Катералниот хор под диригенство на маестро Јулија, придружуван од оргулистот Кристијан. На крјаот од светата Литургија бискупот Стојанов им го честиташе Првиот светски ден на сите дедовци, баби и стари лица.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот