Седми случај на корона вирус во Ватикан

Седми случај на корона вирус во Ватикан

Заразената личност е веќе од средината на март во изолација поради својата сопруга, која била позитивна на тестот за КОВИД -19

Со шест  пријавени случаеви, потврдено е дека уште еден вработен во Светиот Престол е позитивен на коронавирусот. Тој од средината на март е во изолација поради својата сопруга, која била позитивна на тестот за KOВИД – 19, по обавувањето на работата во италијанскта болница во која работи, се наведува во изјавата на директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Матео Бруни од 2 април.

Во оваа прилика, се наведува понатаму во изјавата, корисно е да се појасни дека како и сите други институционални реалности, различни тела и канцеларии (дикастерии) на Светиот Престол и Државата на градот Ватикан продолжуваат само со основни, задолжителни и неодложни активности, јасно применувајќи, во најголема можна мерка соодветни мерки кои се веќе соопштени, вклучувајќи работа од далеку и во смени за да се заштити здравјето на вработените.

Ватикан њуз/Битно.нет

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот