Света Мајка Тереза – светицата од Скопје

Света Мајка Тереза – светицата од Скопје

Денес, 5 септември е литургискиот споменден на Света Мајка Тереза, основателка на монашката заедница Мисонерки на љубовта, родена во нашиот главен град Скопје. Во родниот град, во своето семејство и во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје ги добива основите на својата вера, а потоа упатувајќи се во мисии, поголемиот дел од својот живот го помина во Калкута, грижејќи се за најотфрлените и најсиромашните, буквално собирајќи ги од улица сиромашните кои умираат, настојувајќи да им овозможи достоинство. Со нејзината пожртвуваност станува синоним за љубов кон ближниот и живот според Евангелието.

Папата Иван Павле II на 19 октомври 2003 година ја прогласува за блажена, а папата Фрањо на 4 септември 2016 година на плоштадот Свети Петар во Рим, на свечена Литургија, на која сослужуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, ја прогласи за света.

Во 1980 година таа е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, кој од своето заминување го посетила четири пати: 1970, 1978, 1980 и 1986 година.

Света Мајка Тереза, моли за нас!

к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот