„Само така продолжете“ – Папата ги охрабри молителите на Бројаница за заболените од Ковид-19 во Аргентина

„Само така продолжете“ – Папата ги охрабри молителите на Бројаница за заболените од Ковид-19 во Аргентина

Папата ги охрабри групата свои сонародници – припадници на движењето „Entretiempo“ од Аргентина, откако му испратија порака во која му раскажаа за секојдневната молитва света Бројаница за заболените од Ковид-19.

Имено, Родриго Мадеро припадник на движењето на 27 јули упати до Светиот Отец e-пошта, пишувајќи за спонтаното создавање на таа иницијатива, која настана како плод на тешкиот период кој го проживева целиот свет. Дознавајќи за заедничките пријатели кои се разболеле од Ковид-19 одлучиле заедно да молат Бројаница преку онлајн платформа секоја вечер. На почетокот биле десетина – сега на Zoom се приклучуваат повеќе од 250 луѓе.

Одговорот на Папата пристигнал веднаш следниот ден: „Драги брате, ти благодарам за пораката. И големо благодарам за молитвата Бројаница. На вас и на сите пријатели на движењето „Entretiempo“ испраќам срдечен поздрав и благослов. Само така продолжете!“

Загриженоста на припадниците на движењето заради состојбата со пандемијата во Аргентина ја ублажи солидарноста на Папата. „Ми изгледа дека тоа е гест на неизмерна љубов, што издвои време со оглед на сѐ што мора да прави, за да ја изрази грижата за овој дел од Црквата во Буенос Аирес“, рече Мадеро за Аргентинската католичка агенција.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот