Прославен паторниот празник на Катедралната црква во Струмица

Прославен паторниот празник на Катедралната црква во Струмица

На празникот Успение на Пресвета Богородица, 28 август 2022 година, патронот на Струмичко – скопската епрахија и Катедралната црква во Струмица, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх служеше света архиерејска Литургија, во сослужение на свештеници од епархијата.

Во својата проповед епископот Стојанов најпрво се осврна на химната на апостол Павле напишана во посланието до Филипјаните, во која апостолот нѐ поттикнува да размислуваме за вистинската вредност и смисла на нашиот живот, при што ја истакна важноста за послушноста на волјата Божја, која пак е најсигурниот пат до нашата вистинска среќа и нашето спасение. Понатаму тој се осврна на вториот дел од химната во која пресвртна точка е фактот дека Исус ја прифати жртвата на Крстот од послушност.

Понатаму бискупот Стојанов направи паралаела помеѓу празникот Успение на Пресват Богродоциа и она што му се случи на Христос и што ѝ се случуваше Богородица. Но за да го подобро разбереме сето тоа епископот Стојанов повика да погледнеме што ни е обајвено во Евангелието.

Осврнувајќи се на светото Евангелие и празникот Успение на Пресвета Богородица монсињор Стојанов рече: Од самиот почеток Црквата верувала дека поради послушноста на Божјото Слово, тоа тело кое му дало тело на Божјиот Син, исто така, со тело е вознесено во небесната слава. Овој факт ја збогатува нашата вера и сега можеме повторно да ја споредиме со химната на свети Павле за Христос. А Марија е послушна во своето дружење со Христос и неговата жртва. Го допре дното на човечката беда и смрт. Нејзиното духовно страдање е придружувано со Христовото спасително страдање, така што и нејзиното вознесување на небото е придружено со Исусовото воскресение. Овој факт, сепак ни значи многу затоа што некако очекуваме воскресението Христово да биде сосема разбирливо, бидејќи тој е Син Божји. Но со Марија тоа е нешто друго, бидејќи и покрај нејзината светост, Марија е само човек. (…) Со тоа Марија станува основа, знак на нашата надеж дека слушајќи го Божјото слово и исполнувајќи го, ќе бидеме повикани на крајот на времињата и ќе ја наследиме небесната среќа со нашето тело, рече во проповедта епископот Стојанов.

Прославата на патрониот празник на Катедралната црква во Струмица заврши со благослов на лебовите и заедничкото агапе од страна на епископот Стојанов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот